Рут 1:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш Елимелех, Ноеминиот маж, умре, и таа остана сама со своите два сина.

4. Тие се оженија со Моавки; едната се викаше Орфа, а другата Рута. И таму живееја десет години.

5. Тогаш умреа Малон и Хелеон, и така Ноемина остана и без своите два сина и без својот маж.

6. Тогаш таа се крена, со своите снаи, да си отиде од Моавските Полиња, зашто чу во Моавските Полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб.

7. И така таа си отиде од местото каде живееше, а со неа и нејзините снаи; тргнаа на пат за да се вратат во Јудината Земја.

Рут 1