Рут 1:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тој човек се викаше Елимелех, жена му Ноемина, а двата негови сина: Малон и Хелеон; сите беа Ефратци од Јудиниот Витлеем. Стигнаа во Моавските Полиња и тука се населија.

3. Тогаш Елимелех, Ноеминиот маж, умре, и таа остана сама со своите два сина.

4. Тие се оженија со Моавки; едната се викаше Орфа, а другата Рута. И таму живееја десет години.

5. Тогаш умреа Малон и Хелеон, и така Ноемина остана и без своите два сина и без својот маж.

Рут 1