Римјаните 9:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!

15. Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.”

16. Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.

17. Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”

18. Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.

19. Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”

Римјаните 9