Римјаните 9:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.”

14. И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!

15. Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.”

16. Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.

17. Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”

18. Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.

Римјаните 9