Римјаните 7:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А гревот најде повод во заповедта и предизвика во мене секаква желба, зашто без Закон - гревот е мртов.

9. И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев;

10. и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водеше во смрт;

11. имено, гревот, откако доби повод во заповедта, ме заведе и ме уби преку неа.

12. Затоа Законот е свет; а и заповедта е света, и праведна, и добра.

13. Дали тоа значи дека доброто стана смрт за мене? Да не биде! Туку гревот, за да се покаже како грев, се послужи со доброто и ми предизвика смрт, за да стане гревот - со посредство на заповедта - прекумерно грешен.

14. Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев.

Римјаните 7