Римјаните 6:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да и служат на правдата, за осветување!

20. Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.

21. А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?!

22. Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај,

23. зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.

Римјаните 6