Римјаните 5:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.

11. И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.

12. Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.

13. Имено: гревот беше во светот уште пред Законот; но гревот не се засметува кога нема Закон.

14. Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние, кои не згрешија со сличен престап како Адам, кој е слика на Оној кој доаѓа.

15. Но дарот на благодатта не е како престапувањето; зашто ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина; многу поизобилно се излеа на мнозина Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос.

16. И дарот не бидува како што се случи кога згреши еден. Имено, судот произлезе од еден кој погреши и така доведе до осуда, а благодатниот дар доведе од многу престапи, до оправдување.

17. Зашто, ако смртта зацари, заради престапувањето на еден; тоа многу повеќе оние - кои примаат изобилство на благодатта и дар на правдата - ќе царуваат во животот преку Едниот - Исус Христос.

Римјаните 5