15. Зашто Законот донесува гнев; а каде нема Закон нема ни престапување!
16. Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас,
17. како што е напишано: „Те поставив татко на многу народи” - пред Бога; Кому Му поверува; Кој ги оживува мртвите и ги повикува оние нешта што не се во битие.
18. Без надеж, тој се надеваше и поверува дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето семе.”
19. И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба;
20. не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата и Му даде слава на Бога,
21. наполно уверен дека е силен да го исполни она што го ветил.
22. Затоа тоа му се засмета за праведност.
23. Но не е напишано само за него „дека му се засмета”
24. туку и за нас на кои ќе ни се засмета, затоа што веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, нашиот Господ.
25. Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.