Римјаните 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, што ќе речеме дека нашиот прататко Авраам добил по тело?

2. Зашто, ако е Авраам оправдан врз основа на своите дела, може да се фали, но не пред Бога!

3. Но, што вели Писмото: „Авраам Му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.”

4. А на оној, кој работи, платата не му се засметува по милост, туку по долг;

5. додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност,

Римјаните 4