8. ”Зошто да не правиме зло, за да дојде добро?” - како што нè клеветат некои и велат за нас, дека ние зборуваме така? Осудувањето на таквите е праведно.
9. Што тогаш! Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев,
10. како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден;
11. нема разумен, нема кој да Го бара Бога;
12. сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.”
13. Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни.
14. Устата им е полна со клевета и горчина.
15. Нозете им се брзи за пролевање крв;
16. запустување и беда се по нивните патишта;
17. тие не го познаваат патот на мирот.
18. Нема Божји страв пред нивните очи.”
19. А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога,
20. зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.
21. А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците,
22. и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика;
23. зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,
24. но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса,