Римјаните 3:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.

29. Или Бог е само на Јудејците, а не и на народите? Да, и на народите,

30. зашто е само еден Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.

31. Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

Римјаните 3