26. та да ја покаже Својата правда во сегашно време, за да биде Самиот праведен и за да го оправда оној, кој е од верата на Исуса.
27. И така, каде е фалењето? Исклучено е. Според кој закон? Според законот на делата ли? Не, туку според законот на верата.
28. И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.
29. Или Бог е само на Јудејците, а не и на народите? Да, и на народите,
30. зашто е само еден Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.
31. Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.