Римјаните 3:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика;

23. зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,

24. но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса,

25. Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение;

26. та да ја покаже Својата правда во сегашно време, за да биде Самиот праведен и за да го оправда оној, кој е од верата на Исуса.

Римјаните 3