12. сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.”
13. Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни.
14. Устата им е полна со клевета и горчина.
15. Нозете им се брзи за пролевање крв;
16. запустување и беда се по нивните патишта;
17. тие не го познаваат патот на мирот.
18. Нема Божји страв пред нивните очи.”
19. А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога,
20. зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.
21. А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците,
22. и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика;
23. зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,
24. но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса,
25. Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение;