Римјаните 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, каква предност има Јудеецот? Или: каква е ползата од обрезанието?

2. Голема, во секој однос. Прво: ним им се доверени Божјите слова.

3. Па што! Ако некои беа неверни, зар нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност?

4. Далеку од тоа! Но, Бог нека е вистинит, а секој човек лажец, како што е напишано: „Да бидеш оправдан во своите зборови и да победиш кога се судиш.”

5. Ако нашата неправда ја покажува Божјата правда, што ќе речеме? Дали е Бог неправеден, кога се гневи? (човечки зборувам).

6. Далеку од тоа! Како Бог би можел тогаш да му суди на светот?

Римјаните 3