Римјаните 2:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Секако, обрезанието е полезно, ако го исполнуваш Законот; но ако си престапник на Законот, твоето обрезание станува необрезание.

26. И така, ако необрезаниот ги пази прописите на Законот, нема ли неговото необрезание да му биде сметано како обрезание?

27. И така, оној, кој не е телесно обрезан, а го исполнува Законот, ќе ти суди тебе, кој си престапник на Законот - и покрај тоа што го имаш словото на Законот и обрезанието.

28. Зашто не е Јудеец оној, кој е тоа надворешно, ниту е вистинско обрезание она, што е надворешно - врз телото -

29. туку Јудеец е оној, кој е тоа во внатрешноста; а вистинското обрезание на срцето е по Дух, а не по буква. Неговата пофалба не е од луѓето, а од Бога.

Римјаните 2