Римјаните 16:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене.

8. Поздравете го мојот возљубен во Господа Амплија!

9. Поздравете ги: нашиот сотрудник во Христа - Урбан и мојот возљубен Стахиј!

10. Поздравете го Апелиј, испитаниот во Христа! Поздравете ги оние од кружокот на Аристовулови!

11. Поздравете го мојот роднина Иродион! Поздравете ги оние и од Наркисовиот кружок, кои се во Господа!

12. Поздравете ги Трифена и Трифоса, жените, кои се трудат во Господа! Поздравете ја возљубената Персида, која се трудеше многу во Господа!

13. Поздравете го Руф, избраниот во Господа, и неговата мајка и моја!

14. Поздравете ги Асинкринта, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата, кои се со нив!

15. Поздравете ги Филолога и Јулија, Ниреја и неговата сестра, потоа Олимпана и сите свети, кои се со нив!

Римјаните 16