Римјаните 16:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Вашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам со вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а прости за злото!

20. А Бог на мирот ќе го сотре наскоро сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!

21. Ве поздравуваат: мојот соработник Тимотеј и моите роднини: Луциј, Јасон и Сосипатар.

22. Ве поздравувам во Господа јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.

Римјаните 16