Римјаните 15:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Секој од нас нека му угодува на ближниот, во негова полза, за добро,

3. зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано: „Хулите на оние, кои Те хулеа, паднаа на Мене.”

4. Навистина, сè што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата.

5. И Бог на трпението и утехата да ви даде едномислие меѓу вас по примерот на Исуса Христа,

6. за да Го славите, еднодушно, со една уста, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.

Римјаните 15