4. Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло.
5. Затоа треба да и се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста.
6. Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа.
7. Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!
8. Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот.
9. Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!” - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!”
10. Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.
11. И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме.