Римјаните 13:10-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.

11. И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме.

12. Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината!

Римјаните 13