Римјаните 12:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе!

18. Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!

19. Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”

20. Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.”

21. Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!

Римјаните 12