Римјаните 11:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тогаш што? Израел не го доби она, што го бараше, а избраните го добија; а другите беа закоравени,

8. како што е напишано: „Бог им даде дух на мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.”

9. И Давид зборува: „Нивната трпеза да им биде стапица, и мрежа и соблазан и одмазда!

10. Очите нека им се помрачат, за да не гледаат! А плеќите свиткај им ги засекогаш!”

11. И така прашувам: да не се сопнаа, за да паднат сосем? Да не биде! Туку преку нивното сопнување им дојде спасение на народите, за да ги поттикнат на ревност.

12. Ако нивното сопнување значи богатство за светот, а нивното отпаѓање богатство за народите, колку повеќе ќе биде нивната полнота!

13. Но ви зборувам вам, народи; бидејќи сум апостол на народите, јас ја прославувам мојата служба,

14. та на некој начин да го поттикнам на ревност својот род и да спасам некои од нив.

15. Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, какво ли ќе биде нивното примање, ако не живот од мртвите?

Римјаните 11