Римјаните 11:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Така е и во сегашното време, остана еден Остаток избран по благодатта.

6. Но, ако е по благодат, тогаш не е по дела; зашто инаку благодатта не би била веќе благодат.

7. Тогаш што? Израел не го доби она, што го бараше, а избраните го добија; а другите беа закоравени,

8. како што е напишано: „Бог им даде дух на мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.”

Римјаните 11