Римјаните 11:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, какво ли ќе биде нивното примање, ако не живот од мртвите?

16. Ако се свети првите плодови - и тестото е; ако е коренот свет - и гранките се.

17. Ако се откршени некои гранки, и ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу нив и си станал соучесник во сочниот корен на маслинката,

18. не фали се пред гранките! Ако се фалиш, знај дека ти не го носиш коренот, туку коренот - тебе!

19. Но ќе речеш: „Гранките се откршени, за да бидам јас прикалемен!”

20. Добро! Поради неверието се откршија, а ти стоиш преку верата.

Римјаните 11