Римјаните 10:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”

14. Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?

15. И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”

16. Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој и поверувал на нашата проповед?”

17. И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.

Римјаните 10