Римјаните 1:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Не сакам, браќа, да ви остане непознато, дека многупати имав намера да дојдам при вас - но бев спречуван досега - за да имам некој плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи.

14. Јас сум им должник и на Грците и на варварите, и на мудрите и на неразумните.

15. И така, доколку е од мене, готов сум да ви го проповедам Евангелието и вам, кои сте во Рим.

16. Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува, првин за Јудеецот, а и за Гркот.

17. Зашто во него се открива Божјата правда, од вера во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее од верата.”

Римјаните 1