Псалми 96:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Нека се зборува меѓу многубошците: „Господ царува!” Затоа вселената е цврста и нема да се измести, праведно управува со народите.

11. Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него!

12. Нека се радува полето и што е во него, нека пеат радосно горските дрвја,

13. пред Господа, зашто доаѓа, зашто доаѓа да и суди на земјата. Ќе му суди на светот со правда и на народите според Својата вистина.

Псалми 96