Псалми 94:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Не казнува ли Оној, Кој ги воспитува народите? Оној, Кој ги учи луѓето на мудрост?

11. Господ ги знае човечките мисли, тие се празни.

12. Блажен е човекот, кого Ти го поучуваш, Господи, и го учиш на Својот Закон:

13. да му дадеш мир во несреќни денови, додека се копа гроб за злочинецот.

14. Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и не ќе го напушти Своето наследство;

Псалми 94