Псалми 94:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Боже, одмазднику, Господи, Боже одмазднику, покажи се:

2. стани Ти, Судија на земјата, плати им на гордите, според заслугата!

3. До кога грешниците, о Господи, до кога грешниците ќе ликуваат?

4. Тие зборуваат дрски зборови, беззакониците се фалат.

5. Го угнетуваат Твојот народ, Господи, и го притискаат Твоето наследство;

6. убиваат вдовица и туѓинец, им го одземаат животот на сирачињата.

7. И зборуваат: „Господ не гледа! Не забележува Јакововиот Бог!”

8. Разберете, безумници во народот: глупци, кога ќе се вразумите?

9. Не слуша ли Оној, што го засадил увото? Не гледа ли Оној, Кој го создаде окото?

10. Не казнува ли Оној, Кој ги воспитува народите? Оној, Кој ги учи луѓето на мудрост?

11. Господ ги знае човечките мисли, тие се празни.

Псалми 94