Псалми 93:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Твојот престол е утврден одамна, Ти си од вечноста!

3. Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови.

4. Појак од шумот на многуте води, посилен од морските бранови: силен е Господ во висините.

5. Твоите сведоштва се предостојни за вера, светоста е украс на Твојот Дом, Господи за секогаш!

Псалми 93