3. Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор.
4. Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила!
5. Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење,
6. ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне.
7. И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи!
8. Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците.