Псалми 91:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.

13. Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.

14. Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име.

15. Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам.

16. Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение.

Псалми 91