14. Насити нè наутро, со Својата милост, за да се радуваме и да се веселиме во сите наши дни!
15. Зарадувај нè за дните кога нè бичуваше, за годините кога страдавме многу!
16. Нека се покаже Твоето дело врз Твоите слуги и Твојата слава врз нивните деца.
17. Нека биде над нас добрината на Господа, нашиот Бог; дај ни да успее делото на нашите раце; нека успее делото на нашите раце.