1. Молитва на Мојсеј, Божји човек. Господи, Ти ни беше засолниште од род до род.
2. Пред да се родат планините, пред да суштествуваат копното и земскиот круг, од век до век, Боже, Ти си!
3. Смртниците ги враќаш во прав и велиш: „Вратете се, човечки чеда!”
4. Зашто илјада години во Твоите очи се: како вчерашниот ден што помина и како ноќната стража.