Псалми 9:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Народите паднаа во јамата, што сами ја ископаа; стапицата што ја ставија тајно, ја фати нивната нога.

16. Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела.

17. Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.

18. Зашто бедниот нема да биде заборавен засекогаш; ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во неволја.

19. Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека бидат осудени пред Тебе!

Псалми 9