Псалми 9:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. за да ги навестувам сите Твои пофалби во вратите на Сионовата ќерка, за да се радувам поради Твојата спасителна помош.

15. Народите паднаа во јамата, што сами ја ископаа; стапицата што ја ставија тајно, ја фати нивната нога.

16. Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела.

17. Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.

Псалми 9