Псалми 9:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За пејачкиот началник, според напевот: „Умри за синот!” Давидов псалм. Ќе Те славам, Господи, со целото свое срце; ќе ги раскажувам сите Твои чудесни дела!

2. Ќе се радувам и ќе се веселам во Тебе, ќе Му пеам на Твоето Име, Сèвишни!

3. Моите непријатели се вратија назад, паднаа и загинаа пред Твоето лице.

4. Зашто Ти ги заштити моето право и моето дело, Ти седна на престолот и пресуди праведно:

Псалми 9