Псалми 89:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Правдата и справедливоста се основа на Твојот престол, љубовта и вистината чекорат пред Тебе.

15. Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи.

16. Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига.

17. Зашто Ти си слава на неговата сила, по Твоја милост расте нашата сила.

18. Зашто Господ е наш штит, Израелевиот Светец е наш Цар.

Псалми 89