Псалми 88:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тешко ме притиска Твојот гнев, и со сите Свои бранови ме прекриваш.

8. Ги оддалечи од мене моите познати, направи да им бидам гнасен: затворен сум, не можам да излезам.

9. Очите ми гаснат од тага: викам кон Тебе, Господи, секој ден, кон Тебе ја пружам раката.

10. Зар над мртвите ќе правиш чудеса? Зар сенките ќе станат и ќе Те фалат?

11. Зар во гробот се раскажува за Твојата милост? За Твојата вистина во Гибелта?

Псалми 88