Псалми 88:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Нека стигне мојата молитва до Тебе, приклони го Своето уво кон мојот повик.

3. Зашто мојата душа е наситена од страдања, мојот живот наближува кон Подземјето.

4. Ме вбројуваат кон оние, што слегуваат во гроб, станав сличен на немоќниот.

5. Моето легло е меѓу мртвите, како убиените што лежат во гробот, за кои веќе не се сеќаваш, од кои ја тргна раката.

6. Ме смести во длабока јама, во темнини, во бездна.

Псалми 88