1. Песна. Псалм. За Корееви синови. За началникот на пејачите на Махалат за понизност за пеење. Учење на Еман Езрахит. Господи, Боже на моето спасение, дење викам, а ноќе тажам пред Тебе.
2. Нека стигне мојата молитва до Тебе, приклони го Своето уво кон мојот повик.
3. Зашто мојата душа е наситена од страдања, мојот живот наближува кон Подземјето.
4. Ме вбројуваат кон оние, што слегуваат во гроб, станав сличен на немоќниот.