Псалми 87:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Убавини се зборуваат за тебе, Божји граде!

4. „Ќе ги вбројам Раав (Египет) и Вавилон, меѓу оние што ме почитуваат; ете, Филистеј и Тир и етиопскиот народ - и тие се родени таму.”

5. За Сион се зборува: „Овој и оној е роден во него; Сèвишниот го утврдува!”

6. Господ ќе запише во книгата на народите: „Овие се родени таму.”

7. И ќе пеат играјќи коло: „Сите мои извори се во Тебе!”

Псалми 87