Псалми 86:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Зашто е изобилна Твојата љубов кон мене, ја истрга мојата душа од длабочините на Подземјето.

14. О Боже, гордите се кренаа против мене, многу силници го дебнат мојот живот, и Те немаат Тебе пред очите.

15. Но Ти си, Господи Боже, милостив и благ, спор на гнев, обилен во љубов и вистина.

16. Погледај на мене и смилувај ми се; дај му ја Твојата сила на Твојот слуга и спаси го синот на Твојата слугинка!

17. Дај ми милостиво знак на Твојата наклоност, за да видат моите мразители и да се засрамат, зашто Ти ми помогна, Господи, Ти ме утеши.

Псалми 86