Псалми 85:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Љубовта и вистината ќе се состанат, правдата и мирот ќе се прегрнат.

11. Вистината ќе никнува од земјата, правдата ќе гледа од небесата.

12. Да, Господ ќе даде добро, а нашата земја својот плод.

13. Правдата ќе врви пред Него, и ќе направи пат за Неговите стапки.

Псалми 85