1. Песна. Асафов псалм. Господи, не молчи! Боже, не премолчувај и не мирувај!
2. Зашто еве: Твоите непријатели зовреа, а Твоите мразители ја креваат главата.
3. Се заверуваат против Твојот народ и се советуваат против Твоите штитеници.
4. Зборуваат: „Дојдете да ги истребиме, за да не бидат народ, нека не се спомнува повеќе името Израел!”