Псалми 82:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците?

3. Заштитувајте ги: бедниот и сирачето, дајте им правда на јадникот и сиромашниот!

4. Избавете го измачуваниот и слабиот, истргајте го од безбожни раце!”

5. Не сфаќаат ниту разбираат, одат во темнина: сите основи на земјата се разлулеани.

6. Навистина реков: „Вие сте богови и сите сте синови на Сèвишниот!”

7. Но ќе умрете како сите луѓе, ќе паднете како секој од големите!”

8. Боже, стани и суди ја земјата, зашто Си, со право, Господар на сите народи.

Псалми 82