1. За началник на пејачи. На гетска свиралка. Асафов псалм. Пејте Му радосно на Бога, на нашата сила, пејте Му радосно на Јакововиот Бог!
2. Нека зазвучат жиците, нека се чуе тапанчето, свирете со милозвучен псалтир!
3. Затрубете во рог при млада месечина, при нова месечина, на нашиот празник!
4. Зашто тоа е Израелев закон, заповед на Јакововиот Бог.
5. Таков закон му даде на Јосифа, кога излегуваше од Египетската Земја.
6. Чув таинствено шепотење: „Го ослободив од терет неговото рамо, рацете му се слободни од кошницата.
7. При тешкотија Ме повика, и Јас те избавив; Ти одговорив од громовниот облак; те искушав при Меривските Води.
8. Слушај, Мој народе, и Јас ќе те опоменам: о, да Ме послушаш, Израеле!
9. Да нема друг бог меѓу тебе, и не клањај се на друг бог!