Псалми 81:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На гетска свиралка. Асафов псалм. Пејте Му радосно на Бога, на нашата сила, пејте Му радосно на Јакововиот Бог!

2. Нека зазвучат жиците, нека се чуе тапанчето, свирете со милозвучен псалтир!

3. Затрубете во рог при млада месечина, при нова месечина, на нашиот празник!

4. Зашто тоа е Израелев закон, заповед на Јакововиот Бог.

Псалми 81