Псалми 80:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На свиралката: Шошаним-Едут. Асафов псалм. Израелев Пастиру, послушај, Ти што го водиш Јосифа, како стадо овци! Ти што седиш над херувите, заблескај.

2. Пред Ефрема, Венијамина и Манасија: разбуди ја Својата сила, дојди ни напомош!

3. Боже, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!

4. Господи, Боже над Воинствата, до кога ќе пламнуваш, иако Твојот народ се моли?

Псалми 80